Начинот на живеење причинител за мозочен удар – постои ризик и кај младите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Начинот на живот е главна причина за мозочни удари дури и кај младите луѓе. Вака изјави докторката Сања Џамбазова Зикова. Според неа, главен фактор е слабеењето на срцето, крвта и употребата на алкохол и никотин.

Инаку, Факултетот за медицински науки при Универзитетот на Југоисточна Европа за прв пат организира научна работилница на тема „Мозочен удар“

Мозочниот удар е вид на повреда на мозокот. Мозочниот удар се јавува кога има прекин на снабдувањето со крв во мозокот, кога протокот на кислород и хранливи материи во мозокот е прекинат и мозочните клетки се оштетени или уништени.