Над 17.000 патници ја напуштиле Македонија преку Гевгелија за едно деноноќие, километарски колони на „Богородица“ и „Дојран“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 17.000 лица ја напуштиле Македонија во последните 24 часа преку граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ кон Грција, додека во истиот период во државата влегле околу 16.000 патници, покажуваат најновите податоци на Министерството за внатрешни работи.

Поради зголемената фреквенција на возила, во текот на денот се создадоа долги колони на двата гранични премини, а најголем метеж беше забележан кај „Дојран“, каде што колоната возила се протегаше низ Стар Дојран.

Според информациите од МВР, на граничниот премин „Богородица“ од вчера до денес напладне во Македонија влегле 5.864 македонски државјани, а излегле 5.948. Во истиот период, влез во државата оствариле 10.249 странски државјани, додека 11.648 ја напуштиле земјата.

На граничниот премин „Дојран“ евидентирани се 399 влезови и 1.104 излези на македонски државјани. Кај странските државјани, во државата влегле 1.295 лица, а излегле 1.174.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресурси со цел да се обезбеди побрз проток на патниците, при истовремено спроведување на задолжителните гранични контроли.