Нафтата од типот Брент поскапе на повеќе од 103 долари по новата ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меѓународната референтна цена на суровата нафта од типот Брент денес порасна на над 103 долари за барел, по извештаи во медиумите дека САД пресретнале најмалку три ирански танкери со нафта во азиските води. Тоа дополнително ја зголемува неизвесноста на пазарите и ги поттикнува стравувањата дека конфликтот на Блискиот Исток нема наскоро да заврши.

Според податоците од берзите во 9:30 часот, цената на суровата нафта пораснала за 1,31 отсто на 94,213 долари, додека нафтата Брент се зголемила за 1,39 отсто на 103,304 долари.

Европските фјучерси за гас за мај на отворањето на амстердамската берза TTF се тргувале по цена од 44,110 евра за мегават-час.