Нафтата поскапе по новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цените на нафтата денеска пораснаа по новите напади на јеменските бунтовници Хути врз Саудиска Арабија, која ја поддржува јеменската влада во граѓанската војна. Растот на цените е поврзан и со стравувањата дека конфликтите на Блискиот Исток би можеле да се прошират и да го загрозат снабдувањето со нафта.

Цената на суровата нафта „Брент“, која служи како глобален репер за цените на нафтата, порасна за 1,8 проценти, достигнувајќи 110,75 долари за барел. Во меѓувреме, американската нафта WTI поскапе за 1,5 проценти, на 98,58 долари за барел.

Вчера цената на „Брент“ речиси и не се промени, додека американската нафта поевтини за 67 центи.

Доколку конфликтите продолжат, а снабдувањето со нафта се отежне, цените би можеле дополнително да пораснат, што може да доведе и до поскапување на горивата.