Во Виена во минатата година е намален бројот на лица кои се возат без билети во јавниот превоз. Во годината која ја одбележа пандемијата на коронавирус, голем број на патници купиле билети за користење на јавниот превоз.
Само 2% од патниците се фатени како се „шверцуваат“, соопшти градскиот превозник Wiener Linien.
Повеќе од 100 контролори ги контролирале патниците во мрежата на јавниот превоз во Виена. Кој бил фатен без билет, морал да плати казна од 105 евра, а кој нема да плати на лице место, 115 евра.
Жителите на Виена се едни од „најчесните“ луѓе во Европа по користење на јавниот превоз.
Во Берлин „шверц“ се возеле 3% од патниците, додека Хамбург и Франкфурт 5%, а Париз дури 10%.
