Најдобриот стрелец на Јапонија: Целиме да го освоиме Светското првенство, не се шегувам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Репрезентацијата на Јапонија сензационално ја совлада Шпанија со 2:1 во последното коло од групната фаза на Светското првенство и како првопласирана во групата Е се пласираше во осминафиналето. Таму во понеделник од 16 часот играат против Хрватска која го освои второто место во групата Ф.

Слободно може да се каже дека Јапонците веќе станаа хит тим на Светското првенство. Во групата во која беа аутсајдери ги победија Шпанија и Германија и тоа со пресврти. Најдобар стрелец на Јапонија беше Рицу Доан, кој постигна два од нивните четири гола. Доан дојде од клупата против Германија и против Шпанија. По победата против Шпанија изјави дека верува оти Јапонија може да биде светски првак.

„Сите ние веруваме во успех“

“Ја поминавме групата затоа што сите верувавме. На сите им кажав дека нашата цел е да го освоиме светското првенство. Не се шегувам кога велам дека тоа е нашата цел. И мислам дека сега сите веруваат во тоа. Секоја екипа со која се среќаваме е силна Ќе славиме малку, а потоа ќе се вратиме на работа“, рече најдобриот стрелец на Јапонија.

Инаку, Рицу Доан е играч на германскиот клуб Фрајбург, има 24 години и игра на позицијата десно крило. Доан оваа сезона настапи на 25 натпревари за Фрајбург, постигна шест гола и четири пати асистираше. Според Трансфермаркт, тој вреди 12 милиони евра.