Најлесната женска чанта за губење – помала e од зрнце сол

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Микроскопска чанта „помала од зрно сол“ продадена на аукција за 63.750 американски долари.

Потребен е микроскоп за да се види дизајнот на чантата, бидејќи овој мал објект е со димензии 657 x 222 x 700 микрометри.

„Доволно тесна за да се вклопи низ окото на иглата, оваа чанта е толку мала што ви треба микроскоп за да ја видите“, објави MISCHF, креативниот тим зад чантата, познат по своите контроверзни креации.

Меѓу нивните креации се чевли кои содржат човечка крв, патики со света вода во табаните и џиновски црвени гумени чизми.

Овој пат нивниот креативен тим реши да го одведе трендот на мали ташни до крајност.

„Има големи кеси, нормални и мали кеси, но ова е последниот збор во минијатуризацијата на чантите“, велат од MSCHF.

Чантата го има логото на Луј Витон, но самиот предмет нема никаква врска со тој бренд.

Куќиштето е направено од фотополимерна смола со помош на технологија за 3D печатење која често се користи за изработка на мали механички модели и структури.

Додека се работеше, некои од примероците што брендот ги испрати на преглед беа толку мали што тимот на MSCHF ги загуби, пишува магазинот Smithsonian.