Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија во Пакистан

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Најмалку 13 лица загинаа, а 31 се повредени во експлозија во југозападната пакистанска покраина Балуџистан, соопштија здравствени и полициски претставници.

Бројот на жртвите од вчерашниот напад би можел дополнително да се зголеми, бидејќи неколку од повредените се во критична состојба, изјави портпарол на покраинското министерство за здравство, пренесува Синхуа.

Експлозијата се случила на политички митинг во југозападен Пакистан организиран од Националната партија на Белуџистан (БНП), во областа на стадионот Шахвани во главниот град на покраината Квета, изјавија полициски извори за агенцијата.