Најмалку 19 загинати и 15 повредени на ирански брод за време на вежба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 19 ирански морнари загинаа, а 15 се повредени во инцидент за време на вежба, потврди војската на Иран. Неофицијалните информации велат дека случајно е истрелана ракета врз бродот.

Инцидентот се случил за време на вежба во градот Јаск во заливот Оман, објавија локалните медиуми.

Спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на настанот и ги евакуирале повредените. Веднаш е почната истрага за причината за инцидентот.