Најмалку 49 лица загинаа, додека околу 100 се водат како исчезнати откако брод потона покрај брегот на Мавританија.
Седумнаесет лица беа спасени, а потрагата по другите патници на бродот, кој пловел кон шпанските Канарски Острови, продолжува, според Би-Би-Си.
Според преживеаните, бродот ја напуштил Гамбија пред шест дена, со околу 160 луѓе, претежно државјани на Гамбија и Сенегал.
