Најмалку двајца загинати во падот на хеликоптерот во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Во близина на хрватското село Паково денеска се урна унгарски хеликоптер. На местото на несреќата пронајдени се две безживотни тела, а по уште едно лице се трага.

Унгарскиот хеликоптер во Хрватска бил во рамките на обука.

Дел од хрватските медиуми неофицијално објавија дека пилотот не ја забележал жицата од зиплајнот и леталото се заплеткало, се урнало и веднаш се запалило.