Најмалку пет лица загинаа, а едно е повредено во пожар во зграда во кинескиот град Џенгџоу

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку пет лица загинаа, а едно е повредено утрово во пожар што избувнал во станбена зграда во Џенгџоу, главниот град на кинеската покраина Хенан, соопшти локалната противпожарна и спасувачка служба.

Во соопштението се наведува дека повреденото лице е во стабилна состојба откако му била укажана итна медицинска помош, како и дека пожарот е изгаснат, пренесува кинеската новинска агенција Синхуа.

Се додава дека причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната.