Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден процент во однос на последниот квартал од 2025 година, а за 2,3 проценти во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според статистиката, активното население во државата изнесува 797.884 лица, од кои 707.385 се вработени, а 90.499 невработени. Стапката на невработеност изнесува 11,3 проценти, додека стапката на вработеност е 46,5 проценти.
Бројот на вработени лица бележи мало намалување од 0,3 проценти. Од вкупниот број вработени, 57,9 проценти се мажи, а 42,1 проценти жени. Кај невработените, 62,4 проценти се мажи, а 37,6 проценти жени.
Во првото тримесечје е забележан и раст на неформалната вработеност. Неформално се вработени 94.197 лица, што е за 4,3 проценти повеќе во однос на претходниот квартал. Најголем дел од нив работат во секторите земјоделство, шумарство и рибарство, како и во градежништвото.
