Намалена видливост поради магла на планинските премини Плетвар и Стража

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Слаби врнежи од снег се забележуваат на Попова Шапка, без задржување на сообраќајот. Намалена видливост поради магла има на планинските премини Плетвар (до 150 м) и Стража (до 150 м).

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Особено внимание се препорачува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.