Наместо нови ваучери за годишен одмор, пари за вакцини?! Анализираме со Трајко Славески

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екс министерот за финансии Трајко Славески смета дека наместо најавените ваучери за годишен одмор кои владата ги најави и за оваа година, смета дека би било подобро да се искористат парите за мотивација на одредена група на граѓани за се вакцинираат.

Ова поранешниот министер Славески го изјави во емисијата „21МИНУТА“ на ТВ21.

„Министерот Бектеши вели дека мерката за доделување ваучери за годишен одмор ќе продолжи, и за оваа година ќе се доделуваат до 12 илјади денари. Владата тврди дека била успешна оваа мерка, а гледаме дека имаше контроверзии“, вели Славески, и потоа го дава своето мислење:

„Јас мислам дека подобро би било дел од средствата да се наменат како мотивација на одредена група на граѓани да се вакцинираат“, рече Славески.

Целата изјава низ видео: