Направени 258 тестирања за Ковид-19 – шест екипи со епидемолози на располагање за помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Институтот за јавно здравје до сега се направени 258 тестирања за Ковид-19, извести директорот на институтот, Шабан Мемети. Според него, има доволно реагенси и нема потреба од паника. Во врска со скринингот најавен од министерот Филипче за Дебар, Струга и околината, Мемети рече дека во моментов се тестираат само лица кои имаат симптоми на вирусот.

Во Центарот за јавно здравје Скопје, дневно има илјадници повици од граѓани кои се сомневаат дека имаат симптоми. Директорот Арбен Зибери вели дека се формирани 6 екипи со епидемиолози кои се на располагање за да помогнат.

„Што се однесува до епидемиолозите имаме и 6 други екипи во Центарот за јавно здравје и сите се на располагање. Нашите капацитети можат и да се зголемат бидејќи имаме лекари кои не се епидемиолози но се лекари. Зависно како ќе се одвива ситуацијата ние ќе ги зголемиме нашите екипи“, вели Арбен Зибери.

Зибери додаде дека заедно со министерот Филипче и во соработка со телефонските оператори разговарале да отворат кол центар за да им бидат од помош на граѓаните во периодов на вирусот.