Просечните каматни стапки на депозитите и кредитите во банкарскиот сектор продолжиле да се намалуваат и во мај, покажуваат најновите податоци објавени од Народната банка.
Според информациите на НБРМ, просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишно ниво е намалена за 0,04 процентни поени и во мај изнесувала 2,17 проценти.
Во исто време, просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи поизразено намалување. На годишна основа таа е пониска за 0,37 процентни поени и во мај достигнала 4,69 проценти.
