Народната банка распишува конкурс за млади истражувачи, повик за млади до 35 години – првата награда изнесува 130 илјади денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Народната банка на Северна Македонија го објави конкурсот за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за 2027 година, овозможувајќи им на младите до 35-годишна возраст да аплицираат со истражувачки трудови од областа на макроекономијата, банкарството и банкарските системи.

Според Народната банка, наградата има за цел да го поттикне развојот на научната мисла, да ја охрабри истражувачката активност и да ги промовира младите стручни кадри во овие области, пренесува ТВ21.

За првото место е предвидена награда од 130 илјади денари, додека за второто место 65 илјади денари. Право на учество имаат само државјани на Северна Македонија, додека вработените во Народната банка не можат да учествуваат на конкурсот.

Пријавите треба да се испратат на електронската адреса определена од институцијата, а крајниот рок за доставување е 1 февруари 2027 година.