Ова е штетата што ја предизвика градот од пред два дена на Полошкото поле.
Посевите со домати, зелка, краставици, пченка и житарки се речиси 100% уништени. Земјоделците велат дека доколку општината или Владата не ги обесштети, нема да можат да садат следната година, а тоа според нив ќе предизвика недостиг на производи на пазарот.
-Јас изгубив секаква надеж за патлиџаните, камерата подобро покажува дека тие се 100% изгубени и немаме начин да ги покриеме овие трошоци бидејќи прво семето, нафтата, вештачкото ѓубриво, многу се скапи, многу скапи, без контрола . Инвестицијата е некаде околу 20 илјади евра! Што имам инвестирано, со компири, со зелка, со овие колчиња, 9 илјади имам направено, ако ги броиш од 15 денари што ги платив и од 20 денари, тоа е некаде 2.500 евра, семињата се хибриди близу 1000 евра , каде е нафтата, ѓубривото, работниците-рече Исмаил Беќири.
И пченицата е оштетена од дождовите, градот ги сотре сите зрна пченица на земја и класјето останаа празни, велат земјоделците.
„Се занимавам со земјоделство, 10 члена сме во дома, во моментов со ова што ни се случи од Бога, за лебот што го имам во рака, Господ ја зеде целата пченица. Бараме владата да ни помогне, да не не сфатат несериозно, но и од општината затоа што сме биле во општината, но ни рекоа дека не можеме ништо да направиме бидејќи е формирана новата влада и ќе ве информирале. Уште еднаш ве молам штетите да се големи, од овој леб не живее само нашето семејство, туку и народот зависи од овој леб, по ова што ни се случи годинава не да ни помогнат за неколку години, туку да ни помогнат да го пребродиме ова, не можеме да го надминеме ова затоа што немаме приход за следните посеви.“, изајви Орхан Фејзулаху.
Од општина Тетово велат дека претставници на општината денеска отишле во Министерството за земјоделство да видат што ќе биде со земјоделците.
„Во општина Тетово сите граѓани можат да дојдат во архивата за да ги пријават штетите во домаќинството, таму ќе пополнат записник со фотографии и исто така ќе бидат доставени до архивата и ќе соопштат дека е во рамките на општината, предизвикани од природниот катастрофа, додека денеска општина Тетово испрати комисија која ќе се сретне со претставници на Министерството за земјоделство за да види какви одлуки ќе бидат донесени.“, рече Бесарта Рамадани, портпаролка на Општина Тетово.
Земјоделството во земјава често страда од невреме со град. Иако во Македонија порано постоеше систем против град, истиот со години не функционира. Владата не секогаш ги надоместувала штетите на земјоделците.
