„Насекаде прашина“ – Жителите на Студеничани револтирани бараат асфалтирање на улицата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на оваа населба на Студеничани се револтирани и бараат асфалтирање на улицата во која што живеат.

Од прашината и дупките едвај сообраќаат автомобилите. Жителите велат дека им се уништуваат и автомобилите и дека се обврзани секој месец да ги однесат на мајстор.

„Прашина насекаде, не убива, секогаш ни е ветено, ништо не е направено. Како градоначалник не презема мерки туку оди и работи по планините, а кај нас срамота е на 21 век да е неасфалтирана улицата.“

„И ти да поминеш тука е тешко, и за пешки, па да не збориме за со автомобили, голема прашина, влегува и во домовите. Ова не е вака сега, туку долго време“

„Се надевам но и барам од градоначалникот што поскоро да се среди ова бидејќи е единствената улица во територијата на општина Студеничани, најфреквентната улица и улица која порано се користеше како алтернативна улица која води до центарот на Студеничани“.

Градоначалникот на општината, Азем Садику, за ТВ21 изјави дека очекуваат од Министерството за транспорт и врски,  да објави која фирма ќе го добие тендерот за асфалтирање на овој пат, бидејќи документацијата е готова.

„За овој проект нашата општина ги доби средствата од Министерството за транспорт што Владата го доби заем од Светска банка и имаше неколку забелешки за проектот. Овој дел кој поминува во близина на реката, имаше забелешки да се постави заштитен ѕид и железни огради 250 метри колку што е должината на реката и тоа сме го направиле и сега очекуваме Министерството за транспорт многу брзо да објави тендер за овој проект“, вели Азем Садику.

Инаку, градоначалникот Азем Садику лани вети дека „Улицата 5“ во Студеничани ќе биде готова до крајот на 2022 година, но сега сме на крајот на 2023 година а работите не се завршени.