Насилниците од Штип кои претепаа девојка, добија по две години и шест месеци затвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајцата насилни од Штип, кои навредуваа и натепаа девојка, добија по две години и шест месеци затвор. Пресудата е изречена од страна на судијката Јулија Неткова,

Двајцата насилници ја признаа вината на минатото рочиште, и остануваат во кумановскиот затвор до прависолност на пресудата.

При изрекувањата на пресудата, во судница беше само нивниот адвокат.

Насилството се случило во јануари оваа година. На 2. април на социјалните мрежи беше објавена снимка од тепањето, а двајцата насилници добија многу осуди на социјалните мрежи. Тие беа гонети за кривично дело „насилство“ кое предвидува казни од две до пет години.