Наскоро детска верзија на Инстаграм – и младите под 13 години ќе бидат онлајн

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Управата на компанијата „Инстаграм“ планира да развие детска верзија на популарната апликација за размена на фотографии, која ќе биде достапна и за помладите од 13 години, се наведува во интернет објавата на компанијата.

„Возбуден сум што можам да објавам дека го препознавме овој проект како важен за младината и го ставивме на нашата листа на приоритети. Ќе изградиме нов столб за младите во рамки на заедницата, кој ќе се фокусира на две работи: Приватност – со цел да обезбедиме најсигурно можно искуство за тинејџерите, и изградба на верзија Инстаграм, која ќе овозможи безбедно користење од страна на деца помлади од 13 години“, изјави Вашал Ша, а пренесува „Bazfid“.

Во моментов оваа апликација забранува пристап за деца помлади од 13 години.

Ова интерно соопштение стигнува два дена откако од Инстаграм изјавија дека мора да се направи нешто што „повеќе би ги заштитило најмладите корисници“, како одговор на критиката од јавноста во врска со злоставувањето и малтретирањето со кое се соочуваат најмладите корисници.

Иако компанијата сè уште нема елабориран план за тоа како да направи „детска верзија“, тие посочуваат дека верификацијата на возраста ќе биде задолжителна, и дека идејата се појавила благодарение на популарноста на оваа апликација кај тинејџерите, како и дека надзорот од родителите ќе биде овозможен во рамките на апликацијата.

Плановите за развој на овој производ принудија група луѓе, кои се посветени на здравјето на децата, да се обратат до извршниот директор на Фејсбук (кој е во сопственост на Инстаграм), Марк Цукерберг, истакнувајќи дека прекумерната употреба на дигитални уреди и социјални мрежи е штетна за деца и дека оваа апликација веројатно ќе го наруши здравиот развој на децата “.