Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека Дедо Мраз пристигнал на плоштадот Македонија со полни раце подароци.
Како што вели, новогодишната бајка започнала.
„Денес, со насмевки, радост и многу изненадувања, се дружевме со најмладите и заедно ја почувствувавме вистинската празнична магија. Дедо Мраз пристигна со полни раце подароци и внесе топлина и радост во срцата на сите дечиња. Ви благодарам што бевте дел од оваа прекрасна приказна и што заедно создаваме моменти кои ќе се паметат. Празничната забава продолжува секој ден“м напиша Ѓорѓиевски.
