Владиниот план е учебната година да започне на 1 октомври, но во каков формат ќе се одвива наставата зависи од епидемиолошката состојба, уверува министерката за образование и наука, Мила Царовска.
Над 40 илјади деца во цела Македонија имаат потреба од електронски уреди за следење на онлајн настава. Ова укажува дека треба да се инвестира, вели Царовска, додавајќи дека оваа набавка не можат да ја спроведат за 30 дена. Во овој случај, Владата има друга опција:
Ова Царовска го изјави денеска кога Собранието ја усвои потребата за донесување на измените и дополнувањата на законите за основно и за средно образование, по скратена постапка. Иницијативата доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ, но сепак опозициската пратеничка Благица Ласовска, рече дека многу сериозни прашања остануваат отворени за кои Владата не дава одговор. Најави и амандмани!
Во март поради пандемијата со коронавирус, сите просветни институции во земјата се затворија, потоа наставата продолжи онлајн, но многу познавачи од областа сметаат дека наставата од далечина не се покажала ефикасна. Во нормални услови учебната година во земјава почнува на 1 септември, но овојпат вратите на училниците ќе се отворат еден месец подоцна, поради тоа што Владата не успеа навремено да изготви план за образовниот процес во време на пандемија.
