СОНК не чувствува никакава одговорност заради прекинот на воспитно-образовниот процес, бидејќи тие не организираат настава, вели Неделков. Според колективниот договор вели тој работодавачот е должен да исплати плата за време на штрајк.
-Одредени министри се обидуваат упорно да ги заплашуваат членовите на СОНК дека ќе им бидат скратени дневниците. Во деновите на штрајк што го сметаме за обид за спречување на штрајкот, вели Неделков.
Во текот на утрешниот ден ќе се соберат податоци за тоа кои од наставниците би продолжиле со настава, а после вторник ќе се знае реалната ситуација. Во меѓувреме социјалниот дијалог продолжува и министерот вели дека потребно е разбирање од СОНК за целата економска ситуација во која се наоѓа не само нашата држава, туку целиот свет.
-Очекувам да има настава, но ние да продолжиме со преговорите ако не се согласуваме со одредена точка. Ако и во таа насока пак одлучи СОНК, ние како министерство ќе ги разгледаме сите законски можности во делот на реализација на настава, знам дека дел од наставниците кои беа вклучени во штрајкот доброволно се вратени, рече министерот за образование Јетон Шаќири.
Нема притисоци и уцени од страна на МТСП се работи за почитување на Законот и колективниот договор – вели министерката Тренчевска, потенцирајќи дека СОНК има обврска да им исплати нето плата на просветните работтници кои штрајкуваат, повикувајќи се на член 241. Секое покачување повеќе од 10% како што е одлучено на Влада со ребалансот на буџетот, ќе значи уште поголема инфлација.
-Во колективниот договор убаво е дефинирано дека што е должен работодавачот во случај на штрајк. Истото е дефинирано и во законот за рабитни односи каде се вели дека во услови на штрајк работодавачлот е должен да исплати придонеси на сите оние работници кои штрајкуваат на најниската основица за исплата на придонесите, вели Тренчевска.
Генералниот штрајк продолжува додека не се исполни барањето на СОНК 18,4 % повисока плата.
