Наставниците ќе ја бојкотираат наставата!, бараат да им се исплатат дополнителни часови поради пандемијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наставниците нема да ја заклучат учебната година доколку не им бидат исплатени дополните средства поради зголемениот обем на работата за време на пандемијата. Првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделковски, најави штрајк доколку институциите на системот не го признаат зголемувањето на работата на наставниците во текот на пандемијата и ја игнорираат потребата од исплата на овој надоместок.


Од МОН велат дека издвојуваат буџет за дополнителната исплата на наставниците.


„МОН редовно и навремено ги уплаќа блок дотациите кон локалните самоуправи, согласно динамиката со којашто тие ги доставуваат барањата. Исто така МОН, уште во месец октомври испрати писмо до сите училишта со кое ги потсети на законските обврски дека за наставниците кои извршуваат работни задачи повеќе од полното работно време треба да им се исплати надоместок за прекувремена работа, за што се обезбедени средства“, соопштија од таму.


Инаку, за време на пандемијата наставниците работеа по нов наставен план. Согласно протоколите и планот за работа сите паралелки кои имаа поголем број ученици беа поделени на две групи, односно во две паралелки поради тоа што една паралелка не смееше да брои повеќе од 15 ученици.