НАТО донира 60 респиратори – Филипче: Ќе се користат во амбулатните возила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во време кога се очекува драстичен пораст на заразени со Ковид-19, НАТО донира 60 респиратори за земјава во вредност од 1.4 милиони евра, а министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска рече дека денеска бевме сведоци за тоа колку е важно нашата земја да се зачлени во НАТО. Шеќеринска додаде дека сега кога земјава има поголеми проблеми, има каде да се обрати.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека оваа помош е суштинска за земјава во овие моменти.

Симбол на оваа криза е солидарноста, рече министерот за здравство, Венко Филипче заблагодарувајќи им се на земјите членки на НАТО кои помогнаа токму во ова време. Филипче објасни дека овие респиратори ќе се користат при транспорт на пациентите.

Филипче додаде дека моментално има малку пациенти кои се на респиратори и во болницата 8 Септември и Инфективна. Респиратори во скопскиот аеродром стигнаа и за Албанија и Црна Гора.