НАТО испрати два брода во Балтичкото Море

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАТО испрати два брода да ја надгледуваат руската подводна инфраструктура и таканаречената „фантомска флота“ во Балтичкото Море по неодамнешното прекинување на подморските кабли во областа, изјави финската министерка за надворешни работи Елина Влтонен.

Електричниот кабел Estlink 2 и четирите телекомуникациски кабли што ја поврзуваат Финска со Естонија беа оштетени на крајот на декември, а неколку дена претходно беа оштетени и други кабли во Балтичкото Море.

Европските политички лидери и експерти се сомневаат дека тоа е дело на „хибридна војна“ организирана од Русија.

Како одговор, Атлантската алијанса на крајот на 2024 година објави дека ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море.

„НАТО испраќа два брода, а ние ги зголемуваме и другите активности и присуството во регионот“, изјави денеска финската министерка Елина Влтонен на прес-конференција во Хелсинки.

Во понеделникот, Здружените експедициски сили (ЏЕФ) предводени од Британија, составени од единици од нордиските и балтичките земји и Холандија, објавија дека ќе го засилат и надзорот на подводната инфраструктура во Балтичкото Море како одговор на прекините на кабелот.

Финската полиција се сомнева дека танкерот „Игл С“ под знамето на Куковите острови е дел од „фантомската флота“ и дека ги „саботирал“ каблите.

ФОТО: Архива