НАТО нема да испраќа сили во Украина, ЕУ најавува економски санкции кон Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАТО во моментов нема да испраќа трупи во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес конференцијата по итната средба на амбасадорите на НАТО. Додаде дека евроатлантскиот сојуз е најсилен во историјата но во моментов мерките на НАТО се и остануваат превентивни, пропорционални и неескалирачки.

„Нема трупи на НАТО во Украина. Ние кажавме јасно дека немаме планови и цели за поставување трупи на НАТО во Украина. Меѓутоа кажавме јасно дека веќе го зголемивме и го зголемуваме присуството на НАТО трупите на источниот дел на Алијансата на територијата на НАТО“, рече Столтенберг.

Во текот на оваа средба одлучено е за активирање на плановите за заштита кои ќе овозможат трупите на НАТО да се движат побрзо таму каде што се потребни. Столтенберг рече дека нападите на Русија врз Украина се важен момент за безбедноста на Европа.

„Мирот на нашиот континент е уништен. Имаме во Европа, на степен и вид за кој мислевме дека и припаѓа на историјата. Ова е важен момент за безбедноста на Европа. Овој неоправдан и неиспровоциран напад врз Украина ставајќи ги во опасност животите на многу луѓе“, вели Столтенберг.

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен изјави дека ЕУ ќе спроведе остри санкции кон Русија. Одлучено е за пакет финансиски санкции кој остро го ограничува пристапот на Русија на капиталните пазари и спречуваат економски раст на Русија.

„Нашите мерки ќе ја ослабат технолошката позиција на Русија на главните полиња, всушност од тие од кои елитата го добива најголемиот дел од парите. Ова варира од високо технолошки компоненти се до најразвиен софтвер, Ова исто така сериозно ќе ја деградира руската економија на сите полиња во иднина“, рече Фон Дер Лајен.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека сојузниците од Северна Америка и Европа распоредиле веќе илјадници други трупи на источниот дел на Алијансата за да ја заштитат од агресија, рече Столтенберг. За утре е свикан виртуелен самит на лидерите на НАТО на кој ќе се дискутира ситуацијата во Украина.