Националната платформа во заборав – Царовска: Прашајте го Филипче за наставата во текот на ноември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две недели од почетокот на учебната година, родителите се уште не успеваат да ги вклучат нивните деца во онлајн наставата.

Прашуваат како да им ги испратат задачите на наставниците бидејќи не успеваат да ги најдат алатките на платформата.

Не успеваат ниту да ја инсталираат апликацијата „Микрософт тимс“ иако имаат компјутери со Виндовс 7. Ова се случува бидејќи Националната платформа веќе не е во функција.

За пречките во Микрософт тимс, сега проговорија и надлежните за образование.

Иако има пречки во онлајн наставата, властите сепак се оптимисти. Велат дека успешно настава следат 85% од учениците. Тие немаат некаква оценка за тоа како ќе се одвива наставата во ноември доколку имаме пораст на бројот на заразени.

Меѓутоа и претходно немаше конкретен одговор по ова прашање.