На свечена седница во Владата беа доделени национални признанија за спортски достигнувања.
22 спортисти, покрај пофалници, ќе добиваат и месечна доживотна пензија, во износ од половина до една и пол просечна месечна плата, исплатена во Македонија во претходната година.
Но ниту едно од овие 22 спортисти не беше Албанец. Запрашан за тоа, премиерот Мицкоски објасни дека станува збор само за спортисти кои настапувале во колективни спортови.

Понатаму Мицкоски истакна дека во индивидуалните спортови за вакви високи резултати наградени со ваков тип на доживотна пензија, ако се гледа по проценти, 47% се Македонци, над 20% се Албанци, а останатите се од другите заедници.
Инаку, со националната награда за високи спортски достигнувања одликувани се познати спортски имиња, од фудбалот, кои ја освоиле Лигата на шампионите, со своите клубови за кои игра. Потоа двајца поранешни кошаркари, кои ја освоиле Евролигата, а најбројни се ракометарите, кои во машка и женска конкуренција освоиле ракометна Лига на шампиони, Лазаров со Барселона, а останатите со Вардар и поранешниот женски ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров.
ДОБИТНИЦИ НА НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ
ФУДБАЛ: ГОРАН ПАНДЕВ, ДАРКО ПАНЧЕВ, ИЛИЈА НАЈДОСКИ (Освоиле Лига на шамиони)
КОШАРКА: ПЕТАР НАУМОВСКИ И ПЕРО АНТИЌ (Освоиле Евролига)
РАКОМЕТ: КИРЕ ЛАЗАРОВ, , СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ, ВЛАДО НЕДАНОВСКИ, ПЕТАР АНГЕЛОВ, МАРКО КИЗИЌ, МАРКО МИШЕВСКИ, МАРТИН ПОПОВСКИ, ВАЛЕНТИНА РАДУЛОВИЌ, ЕЛЕНА ЃОРГИЕВСКА, ИНДИРА КАСТРАТОВИЌ, ГОРДАНА НАЦЕВА, МИРЈАНА ЧУПИЌ, МИЛЕВА ВЕЛКОВА, АНЏЕЛА ПЛАТОН, ЛАРИСА КИСЕЉОВА, ЕЛЕНА ЗЛАТАНОВСКА МУРАТОВСКА, КЛАРА БОЕВА (Освоиле Лига на шампиони во ракомет)
