Научно истражување, патот на бездомните лица – Тренчевска: Се залагаме за грижа и нивна ресоцијализација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Домот на АРМ беше претставено научното истражување во врска со бездомните лица. Според истражувањата на професорите, бездомниците ги има најмногу во урбаните подрачја а се на различна возраст и етничка припадност.

Во моментов во пунктот за бездомници во Момин поток сместени се 15 лица а 30 други во Чичино село на просечна возраст од 55 години. Деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујоски рече дека сите ние како општество треба да придонесеме за да им помогнеме а истакна дека евроинтеграциите ќе помогнат за поквалитетни политики.

Сузана Тунева Пауновска од Црвен Крст во Скопје вели дека имаат доста успешни случаи на ресоцијализација на бездомни лица кои сега работат на нивна преквалификации.

А што нуди пунктот за престој на бездомните лица? Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека тие таму ги добиваа сите потребни услуги но недостигаат образовни активности.

Тренчевска најави дека со реформи на законот за социјална заштита во секоја општина во Скопје се очекува основање на општински совет за социјална заштита. Тие ќе имаат задача да изготват социјален план, мапирање на социјалните проблеми и загрозените групи во општината.