Наумоски: Ударот врз македонската економија ќе зависи од должината на траењето на конфликтот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Универзитетскиот професор Синиша Наумоски вечерва во Бизнис21 зборуваше за конфликтот на Блискиот Исток, и влијанието на економијата во Македонија. Наумоски кажа дека ударот врз македонската економија ќе зависи од должината на траење на конфликтот.

„Македонија е целосно зависна од увоз, и прво не може никој од нас да даде предвидливост и постојат две сценарио: на брзо завршување, и сценарио на долго траење на ова жариште. Сведоци сме дека барелот на нафта расте, и таа е денеска 119 долари за барел. Едно сценарио е ако се заврши брзо, и ако се задржи со оваа цена барелот, тогаш ќе треба шест месеци за да се стабилизира цената. Од друга страна она што е многу важно, во Ормутскиот теснец состојбите се загрижувачки. Од сите чинители, можеби само една драважа е има позитивен исход од ова. Во војна никој нема, но реалноста е дека Кина ја има таа варијабла. Кинезите имаат некоја извесност и веќе имале информации и многу претходно се обезбедени со резерви и проток на нивни бродови на Ормутскиот теснец. Вака светот губи 15 милијарди барели дневно. Може да замислите колкав е тој притисок. Администрацијата САД чувствува притисок, но не е голем, и од сето ова мислам дека Америка има проекции, затоа што знаат што прават. Делува дека не знаат, но мислам дека знаат. Мене ме загрижува германската економија. Таму се чувствува оваа криза“, рече Наумоски.