Навални преместен на непозната локација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот опозиционер Алексеј Навални преместен е од затворската колонија, на непозната локација.

Тоа е објавено на неговиот „Твитер“ во кој се повикува на информација од неговиот адвокат.

Навални на крајот од февруари од Москва е спроведен во затворската колонија број 2 во местото Покров.

Агенцијата ТАС пренесува дека колонијата во која е Навални спроведен, применува „вообичаени правила“, што значи дека затворските услови се помалку строги и дека е наменета на затворениците кои прв пат се казнувани и тоа за лесни кривични дела, а казната таму моментално ја одлежуваат 800 лица.

Московскиот суд во февруари го осудил Навални на 2,5 години затвор.