Лионел Меси пред неколку дена со писмо ги информираше челниците на Барселона дека сака да си замине по секоја цена од Барселона. Меѓутоа сега се сменија работите, откако неговиот татко, кој воедно е негов агент Хорхе Меси имал состанок со претседателот на клубот, Жозеп Бартомеу.
Денеска е нова рунда на преговори, а таткото на Лео Меси за прв пат прозборе пред новинарите.
На прашањето од новинарите дали постои било каква можност Меси да остане, тој одговори со „ДА“.
Како поминаа преговорите со Бартомеу?
-Многу добро
По оваа сензационална вест навивачите на Барселона се во „транс“. Тие веќе неколку дена се собираат пред стадионот „Камп Ноу“ каде што го молат својот миленик да се премисли и да остане во Барса.
Се очекува денеска да има конечен одговор околу тоа дали Меси ќе остане или замине од клубот во кој е веќе 19 години.