Не им дале формулар на албански јазик – протестирале во карантин, па добиле казни од по 3.000 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Биле во државниот карантин во Струга и протестирале пред собата на хотелот. Поради казнети се со по 3 илјади евра. Образложението е дека ги прекршиле правилата на карантинот.

Пред медиумите тврдат дека не ги прекршиле правилата, бидејќи само стоеле пред вратите на собите каде што биле сместени. Казната според нив е поради тоа што не го потпишале формуларот за државен карантин бидејќи побарале да биде на албански јазик.

-Имаме казни од по 3 илјади евра од Основен суд Струга, ние бевме во карантин и побаравме формуларот да биде на албански јазик и одржавме мал протест пред вратите на собите и поради тоа, ниту ни ги кажале, ниту ни дадоа некаков формулар со правилата на карантинот. Какви казни има и какви нема?-рече казнетото лице.

ТВ21: Зошто не прифативте да потпишете? – Бидејќи неколкумина не знаат македонски!

-Немаше прекршок од наша страна, туку од персоналот на хотелот и од страна на државата. Мерките кои требаше да се почитуваат, ние ги почитувавме. Но, еве на пример, ние правосмукалката ја земавме од друго лице. Од каде да знаеме дали тој бил заразен или не! Тоа зарем не е прекршок?-изјави казнетото лице.

Поради тоа го ангажираа адвокатот Насер Рауфи, кој вели дека немало прекршоци од страна на казнетите, туку од полициските службеници. Според него, полициските службеници го прекршиле Законот за употреба на јазиците, со кој се овозможува секој граѓанин да ги добива услугите на својот мајчин јазик, во случајов албански како што побарале.

-Во овој конкретен случај, станува збор за класично кршење на Законот за употреба на јазиците, во случајов албанскиот јазик. Фактичката состојба според пресудата според која се казнети, досега испративме 6 жалби, но очекуваме и другите казнети лица да се жалат. Можам да констатирам дека целата постапка беше на македонски, и покрај тоа што осудените инсистираа да бидат на нивниот мајчин јазик и не е вистина дека овие лица излегоа од хотелот каде престојуваа во државниот карантин.-изјави Рауфи.

На прашањето дали има доволно материјал за да ги одбрани странките во судот и дали побарал снимка од безбедносната камера на хотелот, Рауфи рече дека тоа ќе се дознае во суд кога ќе се формира предметот. Тој дури предложи овие случаи, според кои се околу 10, да се третираат како еден предмет.