Ако некој има желба да помогне нека повели во комисијата, рече вечерва во гостувањето на МРТ; епидемиологот, Жарко Караџовски.
„Не ме разочаруваат некои луѓе кои лошо зборуваат за комисијата, туку ме разочаруваат тие што не даваат помош“, изјави Караџовски.
Тој уште еднаш потенцираше како што вели тој дека работат пробоно, односно дека не добиваат средства од Министерството за здравство.
„Ние сме врвни профефсионални со 25 годишно работно искуство и имаме своја автономија“, рече Караџовски.
