„Не ми се допаѓа мерката за намалување на ДДВ и акциза на горивата“, вели Рафајловски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Горан Рафајловски во Бизнис 21 рече дека е против мерката на Владата за горивата, односно против намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата.

Рафајловски рече дека е против тие мерки, туку дека државата треба да набавува нафта, па дури и сега кога е поскапо од претходно.

„Не ми се допаѓа мерка, таа е реактивна… Требаше да се набави нафта, можеби и сега, ако гледаме дека оди кон војна. Треба да набавиме нафта па дури и сега… Не може да загубиме ништо. Може да загубиме 20 долари по барел, што е ништо. Вие сами си ги намалувате приходите на државата“, изјави Рафајловски.