„Не очекувам оваа ситуација да се користи за добивање политички поени“, вели Пендаровски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на прес конференција по седницата со Советот за безбедност, истакна дека не очекува ситуацијата да се користи за политички поени.

„Лично не очекувам оваа ситуација да се користи за добивање политички поени, затоа што не знам како некој може да добива политички поени кога реално сите сме губитници со високите бројки на заразени и починати наши сограѓани кои ги бележиме секој ден“, посочи Пендаровски.