Во Палестина закажани избори после повеќе од две децении

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Палестинскиот претседател Махмуд Абас распиша парламентарни избори за 28 ноември, први по повеќе од 20 години, но нивното одржување е сè уште неизвесно.

Абас го одреди датумот со декрет и ги повика Палестинците на Западниот Брег , Источен Ерусалим и Појасот Газа да гласаат.

На последните парламентарни избори , одржани на 25 јануари 2006 година, исламистичкото движење Хамас освои мнозинство, со 74 од вкупно 132 места во Палестинскиот законодавен совет .

Една година подоцна, Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа по насилните судири со движењето Фатах на Абас , што предизвика парламентот практично да престане да функционира . Палестинскиот уставен суд го распушти на крајот на 2018 година.