Не остана партија без поделба?! – Селмани: Поделбите се случуваат кога е силна опозицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Расколот во Алијансата за Албанците не е прв, но сигурно нема да биде ниту последен. Така и другите албански партии во минатото доживеаја внатрепартиски турбуленции.

Несогласувања и раздвојување на патиштата постоеја во ДПА во минатото, токму откако Зијадин Села го формираше Движењето за реформи во ДПА, а потоа беше создадена Алијансата за Албанците. Движењето Беса се подели на два дела, од каде произлезе Алтернатива. Подоцна, и Беса и Алтернатива се соочија со дополнителни поделби и заминувања. Аријанит Хоџа си замина од Беса, а Скендер Реџепи и Хисни Исмаили од Алтернатива. Аријанит Хоџа заедно со пратеникот Бастри Бајрами ја формираа Европската демократска партија додека Скендер Реџепи Народното движење. Од поделбите не беше поштедена ниту партијата која е на власт 20 години, Демократската унија за интеграција. Таму замина потпретседателот на партијата Изет Меџити, кој го формираше  Демократското движење. Нему му се придружија Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи која излезе од Движењето Беса.

Според универзитетскиот професор и експерт за политички прашања, Башким Селмани, овие поделби несомнено се случуваат поради лични интереси и одредени политички групи. Според него, поделби најчесто се случуваат кога опозицијата ќе се зајакне.

„Ако се земе за основа кој ја прави политиката во Македонија, интересни групи се на кои добро им оди на економски план и за жал тие групи од интерес понекогаш преминуваат во индивидуални интереси. Само таму каде што има индивидуален интерес се забележува и констатира. Но, ова оди од една во друга фаза затоа што од моментот кога ќе се зајакне албанската опозиција се случуваат овие поделби и тоа е она што во моментов не можеме да го откриеме“, вели Башким Селмани.

Според професорот Селмани овие поделби може да влијаат и на идните генерации.

„Ова е несоодветна порака за Албанците бидејќи со овие поделби што се случуваат за жал поделбите ги пренесуваме кај новите генерации. Така, не е можно да се создаде политичка класа кај албанските политички партии. Добро е Албанците да имаат став и опозиција, но да бидат под чадорот од интерес за функционирање на правната држава“, порача Башким Селмани.

Инаку поделби изминативе години имаше и кај македонските политички партии. Од ВМРО-ДПМНЕ си заминаа осум пратеници кои во Собрание гласаа за уставните измени а од СДСМ си замин Максим Димитриевски кој го формираше движењето ЗНАМ.