Скринингот не е единствената работа што треба да се направи во Македонија, има и други важни работи, вели шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Спроведувањето на реформите е важно на патот кон ЕУ, додава тој, потсетувајќи дек одговорноста за овие реформи паѓа токму на грбот на Владата.
„Скринингот не е единствената работа, друга многу важна работа е спроведувањето на реформите и тука секако дека играат улога повеќе чинители задолжени за тоа, меѓутоа главната одговорност паѓа врз грбот на Владата. Како што знаете ЕК еднаш годишно објавува Извештај, последниот беше во октомври околу напредокот на земјата и во тој извештај се наброени голем број на реформи“, вели Дејвид Гир.
Тие реформи треба да се спроведат рече Гир, бидејќи доколку овие реформи не се случат, процесот кон ЕУ ќе биде стопиран и јас не би сакал да зборувам што би се случило доколку процесот на интеграција се стопира. Што се однесува до Уставните измени, тој исто така рече дека тоа е одлука која треба да ја донесе Северна Македонија сама.
„Кога станува збор за уставните измени тие произлегоа од договор за којшто државата се обврза во своите билатерални односи со Република Бугарија. Таа е одлука која треба да ја донесе оваа држава. Тоа што можам да кажам дека државата има добара историја на меѓуетнички односи и сметам дека ќе донесе одлука што ќе ги зајакне уште повеќе, без притоа да се поткопа или на некаков начин наруши идентитетот на оваа земја, затоа што идентитетот не се губи на патот кон ЕУ“, додава Дејвид Гир.
Шефот на делегацијата на ЕУ, ова го изјави при неговата посета во Охрид за зачувување на единственото природно и културно наследство на Охрид, признато од УНЕСКО, заедно со промовирање на туризмот, иновациите и економските можности во регионот.
