16 пожари на отворено, моментално активни 8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На ден 05.10.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни пожари, 2 пожари се под контрола, а 6 пожари се изгаснати.

Активни: 8

Општина Дебар: м.в. Над Боровите – крак према с. Татар Елевци и Кораб и крак кон с. Бањиште (смреки, папрат и трнливи грмушки);

Општина Чашка: с. Јаболчиште, м.в. Биков Гроб (шума и ниска вегетација);

Општина Липково: с. Стрима, место викано Гури Куќ (борова шума и ниска вегетација);

Општина Тетово: над Боговинско Езеро на Шар Планина (пасишта);

Општина Кичево: с. Зајас (нискостеблеста шума и грмушки);

Општина Куманово: депонија Краста (депонија);

Општина Крива Паланка: с. Мождивњак (ниска вегетација);

Општина Демир Капија: над ветерниците помеѓу Демир Капија и Гевгелија (ниска вегетација и дрвја).

Под контрола: 2

Општина Центар Жупа: с. Долгаеш, месност Три Чешми – Центар Жупа (сува трева и нискостеблеста шумска вегетација);

Општина Студеничани: помеѓу с. Драчевица и с. Цветово, м.в. Калдиред (ниска вегетација).

Изгаснати: 6

Општина Гостивар: с. Форино (ниска вегетација);

Општина Прилеп: ул. Дебарца (ѓубре);

Општина Липково: с. Матејче (борова шума);

Општина Гевгелија: с. Миравци (мешана шума);

Општина Кочани: с. Грдовци (стрниште);

Општина Тетово: кај ресторанот „Сирач“ (ѓубре).