„Не сме задоволни со покачување за бурек и масло“ – КСОМ ќе го активира протестот во среда пред финансии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вработен со 37 години стаж што го венчал пола Скопје зема плата од 17.500, а не е мал бројот и на оние кои земаат 14.700 во Управата за водење матични книги. 4.000  денари покачување не 2.800 колку за бурек и масло бараат матичарите кои скоро еден месец штрајкуваат. Минатата недела потпишаа нов колективен договор во коj се опфатени нивните барања, но „заглави“ во Министерство за финансии.

„Јас подолг период се занимавам со синдикалното движење во Македонија, но во ваква ситуација до сега не сме се нашле. Ваков арогантен однос на владата од институциите не сме виделе, најверојатно го прават како игра на нерви. Тоа што имам сознанија од вработените е дека тие се сложни да истраат во штрајкот“, посочи Марјан Ристески.

Од Конфедерација на синдикални организации најавуваат дека повторно ќе го активираат протестот кој го ставија во мирување во среда од 14-16 часот се до исполнување на нивните барања. Тие се подготвени да се договорат, но воопшто никој од Влада не сака да разговара со нив.

„Мислат со 2 800 ќе го решат проблемот. Ние направивме една проста математика еден бурек и јогурт 23 работни денови 2300 и три литри масло 2800. Тоа е ништо на оваа инфлација што ја прават. Пари има гарантирам ова држава има пари, но треба да за запрашаат каде се низ сите овие години. Сега милијарда  ќе се задолжат, а каде се парите?“, додава Марјан Ристески.

Одговор побаравме и од Министерството за финансии дали го разгледале новиот колективен договор и дали планираат средба, но до овој момeнт немаме добиено.