Не веруваат во нова блокада од Бугарија – европски функционери: Чекаме РСМ да ги заврши обврските

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кога велиме дека проширувањето ни е на агендата, не го кажуваме само како парола, туку зборуваме за конкретни планови, вака се изразија претставниците на европските институции во Брисел, на брифинг со новинарите, но одбивајќи да бидат цитирани.

Во врска со ова, извори од ЕУ велат дека се размислува за креативно решение, но засега не соопштуваат детали. Сепак, креативното решение што се бара е да и се дадат гаранции на РСМ, а уставните измени остануваат обврска која мора да се заврши.

И да има друг владин состав кој би дошол на чело на бугарската држава, не верувам дека би имале поинакво мислење или би се оградиле од барањето за уставни измени.

Прашани дали можат да влијаат на билатералното прашање со нашиот источен сосед, тие рекоа дека во овој поглед им се врзани рацете, но не веруваат дека по внесувањето на Бугарите во Уставот ќе има други барања од соседната земја.

Искуството со Грција не тера да мислиме дека ниту Бугарија нема да поставува дополнителни пречки.

Значи, земјите од регионот, особено РСМ, треба да го искористат овој момент и да си ја завршат обврската, не сакаме Северна Македонија да заостанува со владеењето на правото и борбата против корупцијата, порачаа европските претставници.

На новинарските средби во Брисел се зборуваше за актуелната влада, нејзината работа и транспарентност, како и за слободата на изразување на медиумите.