Со солзи во очите и силни прегратки ги испраќаат своите најблиски на печалба. Тажни се бидејќи веќе нема да им бидат блиску како до сега. Ова е глетката од денеска претпладне на автобуската станица во Скопје.
А тие што си заминуваат велат дека заминуваат за подобра плата и живот. Дури и децата не ги оставаат во родната земја.
-Зошто не ги оставате децата овде да живеат и работат?
„Кому да ги оставиме, што да работат овде? Овде нема ништо, само да умреме за јадење. Подобро да ги земеме и да заминеме далеку“.
-Вашите деца не гледаат иднина овде?
„Не, нема, децата завршија со школување а им бараат пари за да се вработат“.
-Кој е виновен за оваа состојба?
„Државата, кој друг. Сите арамии се“.
-Би сакале ли децата и внуците да се тука?
„Сакам, но без работа каде да одат“.
-Зошто не останат овде?
„Бидејќи немаат работа, мораат да заминат“.
-Дали би им порачале на внуците да останат овде и да не одат во Италија?
-Секогаш им велам, но ми велат, дедо каде да одиме ние? Нема работа, велат, пет синови имам.
„Двајца барем да имаа работа, ама сите пет се без работа“.
„Таму имаме, овде нема. Ниски се платите. Таму работиме веќе 20 години“.
-И децата ви се таму?
„Да, со нас“.
-Зошто не им дозволите да живеат овде во Македонија?
„Нема овде со што да живеат. Со 200-300 евра не се прави ништо“.
Бројот на млади во Македонија опаѓа уште од 2002. Од Македонија во последниве 9 години си заминале над 700 илјади жители.
