Не запираат телефонските повици на 194 – за еден ден брзата помош врши над 120 интервенции, некои од пациентите лажат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не запират телефоните од повици на граѓаните на бројот 194 за да побараат помош.

„Измерите притисок и јавете се, шеќер? Со инсулин ли е? Прв пат ви се случува такво стегање? Дајте ми ја вашата ќерка. Госпоѓо дај те ни податоци да не го замараме него. Како се вика име и презиме? Која улица“

Диспечерката дава локација и улицата  каде треба да тргне екипата.

Пред секое тргнување  на терен облекуваат скафандери, маска, ракавици и капи. Екипата на брза помош со заштитна опрема тргна да ја даде првата помош.

По доаѓање од терен се соблекуваат во посебна просторија која  се употребува како соблекувална на заштитната опрема.

Ова е местото кое се употребува како депо  на  употреба на заштитната опрема.

 Работата на брзата помош е преоптоварена со појавувањето на корона вирусот. За еден ден има над 120 интервенции. Сепак еден дел од пациентитте се незадоволни затоа што велат дека чекаат со саати. Координаторката на Брза помош Скопје вели дека во зависност од потребата секој граѓанин е услужен.

„Тој што чека од другата страна секој пат минута му се чини како еден час. Тоа да ни е јасно на сите. Се трудиме колку што можеме да стигнеме навремено зависно од ургентноста и здравствената состојба што ја кажал пациентот на бројот 194“, посочи Милица Бубало.

Бубало вели дека има и граѓани кои се јавуваат бепотребно, има и случаи кадешто  лажат.

„Некој пат се случува да има лажни претставувања на здравствената состојба на пациентот, во тој случај од нашата екипа е прегледен пациентот и даден е совет“, додава Милица Бубало.

Екипите на брзата помош се изморени. Секојдневно се трудат да стигнат во секој дел на градот. Работат без одмор како и целиот здравствен персонал.

„Потребно е секој пат е добро дојден екстра кадар и екстра вработени. Се надеваме дека во блиска иднина ќе имаме плус дополнителни вработувања“, вели Милица Бубало.

И вработените во Брзата помош не се имуни од Ковид 19, бројот на заразени и тие што се во изолација е 10.