Иако со месеци испраќаат пораки и тешки зборови еден до друг, денеска повторно седнаа заедно.
Седнати еден до друг, Меџити до Ахмети и Бејта до Груби, Интегративците го започнаа состанокот на Централното раководство.
Во салата владееше тишина, а колку да ја ублажи ситуацијата, Садула Дураку, претставникот од Општина Липково, се сети на една поговорка.
-Не молчете бре бидејќи потоа се раѓаат многу девојчиња, а малку момчиња…
-Кога молчите вака, се раѓаат девојчиња, така велат старите.
Со шега му врати и Теута Арифи.
-Ајде погледнете малку подобро, сега какви се времињата.
Откако медиумите направија снимки од средбата, зад затворени врати започна состанокот на Раководството.
Откако завршија, лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека се зборувало за атрактивна тема како што е Европскиот фронт, за кого рече дека треба да се зголеми и заживее и дека оваа тема е минимална во однос на таа за незадоволството меѓу Интегративците.
-Споредено со малите разлики во ДУИ, споредено со Европскиот фронт, минорна е, и следната недела, една недела од денеска, ќе продолжиме со средбите за разговори…-вели Ахмети.
-За што ќе се разговара следната недела?
-Сигурно за настаните, подетално за фронтот но и за настаните во ДУИ но и во другите партии-рече Ахмети.
Ахмети не ја отфрли можноста следната недела да се разгледаат барањата на Огнената група, доколку има такви, иако рече дека прашањето за отчетноста е разговарано неколку пати.
Претставници на таканаречената Огнена група на излегување не сакаа да зборуваат, но рекоа дека тоа ќе го стори портпаролот на партијата.
Меџити: Портпаролот треба да одговори.
-Се постигна ли нешто на состанокот?
Меџити: Го имате Бујар…
Портпаролот Бујар Османи рече дека денеска на дневен ред имало само една точка, за Европскиот фронт, а додаде дека прашањето за отчетот на министрите е затворено.
-Нема тема за отчетност, таа тема е затворена, други теми кои можат да ги пријават членовите на раководството за било какво незадоволство или разлики е закажано за другата недела, а прашањето за отчетноста е затворена тема-рече Османи.
Инаку Европскиот фронт кој беше тема денеска во ДУИ, како што рече Артан Груби, е иницијатива на самиот лидер на Интегративците, Али Ахмети за подавање рака на сите политички сили во Собрание, особено на македонската опозиција, за да му се приклучи на овој фронт и да се изгради стратегија за уставните измени, кои ќе го забрзаат патот на земјава кон ЕУ.
реклама
Не зборуваа за „огнот“, туку за „европскиот фронт“, следната недела може да се разгледаат барањата на „огнената група“
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама