„Не знаеш со кого имаш работа“ – две лица со агресивно однесување и закани направиле инцидент во автобус, МВР истражува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На социјалната мрежа Твитер се појави видео снимано во автобус на ЈСП Скопје, каде две лица се однесуваат агресивно, а упатуваат и закани кон останатите патници само поради тоа што им кажале да стават заштитни маски.

„Ќе треба на некого главата да му ја скршам“, „абе нема држава, ќе работи државата за мене и полиција. Немој госпоѓо…ќе те носам у киселина, ќе те топам“, „не знаеш со кого си имаш работа“, се само дел од коментарите на двете лица.

Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ велат дека се запознаени со видеото и дека се испитува случајот.

Инаку, засега нема информации за тоа кога точно се случил инцидентов.