Тестирани се вкупно 22.548 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 10,1% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.670 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, за 9,0% помалку од минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,2% до 14,4%, просечно 11,6%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.309; 49,0%), a највисока инциденца е регистрирана во Кратово – 294,7/100.000.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=738, 27,6%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=86; 3,2%). Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, кое се движи од -1,6% кај лицата од 50-59 години и над 60+ години до -30,6% кај возрасната група од 0-9 години. Најголемо процентуално намалување се забележува кај помладата популација, односно кај лицата од возрасните групи од 0-9, 10-19 и 20-29 години.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.323 (49,6%) лица од машки и 1.347 (50,4%) од женски пол.
Со статус „оздравени“ се стекнале 2.681 лице кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, намалување од 26,4% во споредба со минатата недела.
Во текот на мината недела вкупно се пријавени 39 реинфекции, зголемување од 21,9% во однос на претходната недела.
Пријавени се 85 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (35). Најголем број (n=73; 85,9%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (10), 40-49 години (1) и 30-39 години (1).
